Во првото коло од италијанската Сериа А, Џенова на Горан Пандев го совлада Кротоне со 4:1, а стрелец на еден погодок беше токму нашиот капитен.
Пандев во 9-та минута од натпреварот доби одлична топка во празно и излезе пред голманот на Кротоне, а потоа реализираше мајсторски.
Вистинско ремек дело кое на Пандев му успева иако веќе наполни 37 години.
Погледнете: