Невработени сте? Кралицата Елизабета објави оглас за вработување во Бакингемската палата!

Кралицата Елизабета овие денови е во сериозна потрага за нов жител на Бакингемската палата, пишува “Стил”.

Работната понуда е објавена на страницата на Бакингемската палата, а се бара шеф на кујната и кујнските работи.

Платата изнесува солидни 20.000 фунти годишно.

Идниот шеф на кујната ќе може бесплатно да јаде, да не плаќа кирија и ќе има 33 дена одмор во годината, а ќе работи 5 дена неделно.

Должности:

Од новиот вработен се очекува да ја одржува кујната и просториите околу кујната совршено чисти и да ја координира работата на куварите. Сепак, интересно е тоа што во овој оглас не се бара работно искуство.

Од новиот вработен исто така се очекува да биде “тимски играч”, да биде среќен поради вклученоста во сите сфери на работата, да покажува иницијатива и да работи со колегите за да постигне добра работна атмосфера, објаснуваат од ПР службата на кралското семејство.

Исто така, на кралското семејство им е важно, новиот вработен да биде горд на својата работа, како и на резултатите на неговиот тим.

“Сепак, познавањето на хигиенските правила и прва помош не е толку нужно колку што е личноста да биде тимски играч. Се останато може да се истренирa”, додаваат од таму.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.