Неворојатно: Цената на нафтата падна под нула!

Вчера утрото барел нафта чинеше 15 долари, а цената паѓаше во текот на целиот ден.

После осум часа цената на суровата нафта WTI изнесуваше -0,22 долари, што до сега е незабележително.

Претходно, нафтата се спушти на 1,34 долари за барел, што е пад од неверојатни 94 отсто и најниско од 1983 година.

Пандемијата на кopoнавиpycoт значително ја намали побарувачката, а цените на црното злато не престануваат да изненадуваат. На цената не влијаеше фактот што членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците потпишаа договор за намалување на производството за 9,7 милиони барели на ден.

Цените на нафтата паднаа за 78 проценти денес, најниско ниво од 1983 година, кога се отворија фјучерси на нафта.

Падот на цените на нафтата WTI поттикна недостаток на капацитет на складирање бидејќи пандемиjaта на кopoнавиpyc драстично ја намали глобалната побарувачка за најважниот извор на енергија. Претходно овој месец, аналитичарите од Голдман Сакс предупредуваа дека коронавирусниот шок „има исклучително негативно влијание врз цените на нафтата“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.