Владата на Нов Зеланд објави во средата дека ќе плати отштета од рекордни 1,8 милиони американски долари на човекот кој одлежал повеќе од 20 години во затвор. Тој бил обвинет за силување и убиство кои не ги извршил.
Владата соопшти дека на 41 годишниот Теини Пори ќе му ја плати отштетата во најбрз рок и му упати и официјално извинување.
Пори во 1994 година имал само 16 години и осуден е за силување и убиство на Сузан Бурдет од Окленд. Тој секогаш тврдел дека е невин.
Откако е разгледана жалбата на Пори, се утврдило дека пресудата е изречена на невин човек.
Поранешниот судија Родни Хансен во 1999 година го осудил серискиот убиец Малколм Рев за силување на Бурдет, но ни тогаш Пори не бил ослободен од пресудата за убиство.
По повеќе од 20 години, Пори е ослободен од сите оптужби, а владата на Нов Зеланд се согласи да му исплати огромна отштета.
Ф.Г.