Министерката за надворешни работи на Австрија се истакна во “танцувачката дипломатија”, откако пред две недели заигра на својата венчавка со Владимир Путин, но не е само таа во оваа категорија.
“Дипломатијата е многу повеќе од меѓународно упатување на политички ноти… Танцот не познава никакви политички импликации, без разлика дали танцувам со британскиот министер за надворешни работи или некој друг”, изјави тогаш Карин Кнајси.
Ова се највпечатливите моменти кога светските политичари заиграле:
1.Роботскиот африкански танц на Тереза Меј
Кога британската премиерка Тереза Меј минатата недела посети едно училиште во Јужноафриканската Република, доби единица за танцување, а корисниците на Твитер со денови се шегуваа за нејзиниот “настап”.
2.Oбама го правеше тоа подобро
3.Борис Џонсон со перуанска учителка
4.Трудо кога заборави дека е Канаѓанин
5.Трамп, без коментар
6.Хилари Клинтон танцуваше за време на претседателската кампања
7.Захарова танцува на српски труби