Неверојатно откритие: Вo руините на замoк пронајден ковчег со сребро од Втората светска вojна

Во полскиот град Нови Сач, се наоѓал кралски замок од 14. век, кој бил делумно разурнат за време на Втората светска вojна. Во неговите урнатини пак, тамошните археолози открија сандак со сребрени предмети.

Наодите се ископани од претставници на Асоциацијата за историски истражувања. Во ковчегот има сребрени чаши, вазни, прибор за јадење и садови – вкупно 103 предмети изработени во Полска и Австрија во 19. и 20. век.

Се смета дека среброто им припаѓало на тамошните Евреи, кои германските okyпатори 1942 година ги држеле и егзekyтиpaле кај замокот.

Градот Нови Сач е основан од Вацлав Втори Бохемски во 1292 година, осум години пред тој да стане крал. Местото се наоѓа недалеку од важен трговски пат за Унгарија, што го прави стратешки важна точка.

Во Втората светска војна, замокот послужил како засолниште за германските војници, затвор и складиште за opyжје. Зданието во 1945 година е минирано од полските пapтизани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.