Делови од водопадите на Нијагара, на границата САД-Канада, замрзнаа откако изминатата недела температурите паднаа на -18 степени на реката Нијагара, а студениот бран сè уште е присутен во американската држава Њујорк и другите делови на Северна Америка, пишува „Независен“.
Британскиот весник наведува дека туристите кои вчера се нашле на водопадите Нијагара можеле да видат и фотографираат големи парчиња мраз како пловат во водата, додека облаци од пареа и виножито биле присутни во текот на целиот ден.
The beautiful side of the severe chill that's gripped the USA and Canada
…Niagara Falls looking spectaular yesterday in its part-frozen state ??
Matt pic.twitter.com/IEVfME3PI8
— BBC Weather (@bbcweather) February 22, 2021
„Индипендент“ пишува дека иако на некои фотографии се чини дека водопадите се целосно замрзнати, водата никогаш не престанува да тече и покрај ваквите услови, а присуството на големи количини мраз во водопадот е забележано во текот на 2014 и 2015 година кога поларните циклони ја погодиле областа.
It's a winter wonderland at the Niagara Falls! ❄️?
Tourists take in spectacular views of ice and rainbow on Sunday, with the bitter cold leaving parts of the famous falls covered in ice.
? Lindsay DeDario, Reuters pic.twitter.com/uFuGfnDf6j
— ABS-CBN News (@ABSCBNNews) February 23, 2021