Кога имала 15 години Милена започнала да живее во вонбрачна заедница со Богдан.
Милена од Србија и Богдан од Македонија се запознале кога таа имала само 12 години а тој 15. Со многу труд и обострана желба нивната љубов и покрај големиот број на препреки на кои наишле, успеале да ја крунисаат со брак.
Милена денеска има 18 а Богдан 21 година и ова е нивната љубовна приказна:
-Имав 12 години кога на Фејсбук му испратив покана за пријателство на Богдан, откако моите родители ме наговорија да побарам некои наши роднини кои живеат во Македонија. За Богдан мислев дека е син на наши роднини. Но потоа се покажа дека сме погрешиле, објаснува Милена.
Откако сфатиле дека не се роднини, по неколку разговори меѓу нив се развила привлечност.
Во меѓувреме Милена наполнила 13 години, а тој 16 и постојано одржувале меѓусебен контакт. Тогаш Богдан одлучил да дојде во Србија.
-Кога Богдан дојде во Србија да ме види, неговата мајка и нејзиниот невенчан сопруг почнаа да ни прават проблеми, додека пак од другата страна беа моите родители кои не поддржуваа, вели Милена.
За проблемите да бидат уште поголеми, мајката на Богдан ги пријавила во социјална служба, па полицијата и службите постојано ги викале на разговор.
-Со сите сили се боревме за нашата искрена иако детска љубов, не слушавме во никој поглед. Ниту пак далечината не успеа да ја намали нашата љубов. Ние не попуштивме со успехот на училиште. Богдан беше првак во Македонија во свирење на хармоника. Нам не не’ интересираа никакви пороци, само љубовта и училиштето, објаснува Милена.
Нивната љубов конечно победила кога Богдан наполнил 18 години, па решил да се отсели од Македонија и да живее заедно со Милена и нејзиното семејство.
Милена тогаш имала 15 години и започнала да живее во вонбрачна заедница со Богдан и истовремено започнало да оди во средно училиште.
За него се омажила кога наполнила 16 години. И повторно имале проблеми бидејќи тој бил странски државјанин а таа била малолетна.
-Јас и понатаму бев редовен ученик и ги завршував сите обврски. На денот на венчавката сопругот ми подготви изненадување и ја донесе емисијата „Се за љубов“ за да ми се заблагодари јавно што бев покрај него и што се борев за нашата љубов, објаснува Милена.
Сепак и двајцата сеуште ги немаат подобрено односите со родителите на Богдан. Живеат во Барајево а панираат да изградат и своја куќа.