На 7. и 8. октомври ни доаѓа 23-то издание на најголемиот детски бренд во Македонија: 25 дечиња од голем број држави ќе пеат на “Ѕвездички” во Прилеп

Интернационалниот детски музички фестивал “Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со авторска песна на јазикот на земјата од каде што доаѓаат. На фестивалот учествуваат деца од целиот свет на возраст до 14 години. Се одржува секоја година во првата половина на октомври во градот Прилеп.

На 7 и 8 октомври, во салата на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток од 19:00 часот, по 23. пат ќе се одржи интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“. Ова е единствена фестивалска манифестација за деца во земјата, членка на ВАФ (Светска асоцијација на фестивали).

Годинава ќе има 25 учесници од многу земји како што се: Унгарија, Казахстан, Маврициус, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Македонија.

Фестивалот е вистински бренд во Македонија, кој низ годините донесе многу хитови. „Ѕвездички“ е креатор на детската музичка сцена во нашата земја.

Најдобрите учесници од Македонија официјално ќе ја претставуваат земјата на најголемите фестивали за деца во светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.