Во натпревар од 4. коло на Првата лига на Македонија за жени, ракометарките на МРК Ѓорче Петров извојуваа победа на гостински терен во Прилеп против ЖРК Деспина со резултат 25:28.
Средбата се одигра во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, а она што го одбележа натпреварот беа настапите на Кристина Наумовска во победничкиот тим, која постигна 11 погодоци, и легендарната ракометарка од Прилеп, Мери Гичева, која исто така запиша 11 погодоци на своето име.
Гичева и на 41 година се’ уште е помеѓу најдобрите во лигата и не знае да престане да ги тресе противничките мрежи.
Резултати – 4. коло:
Деспина – МРК Ѓорче Петров 25:28
Стружанка – Атлетик 20:37
Јехона – Овче Поле СУ 11:33
Табела:
Овче Поле СУ – 6 бодови
Атлетик – 6
МРК Ѓорче Петров – 4
Деспина – 4
Стружанка – 2
Јехона – 2
Шампион – 0
Следно, 5. коло (11 октомври):
Овче Поле СУ – Деспина
Атлетик – Шампион
МРК Ѓорче Петров – Стружанка