На “Цветници” традиционален ручек во храмот “Св. Димитриј” во Битола

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, Македонската православна црква Преспанско- пелагониска епархија, во соработка со неколку компании од приватниот сектор и со поддршка од нашите сограѓани организира традиционален празничен ручек по повод Цветници.

Дата: 13 април 2025 г. (недела)
Место: Соборен храм „Св. Вмч. Димитриј“ – Битола

По завршување на Светата Божествена Литургија празничната трпеза ќе ја благослови Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар.

Срдечно ве покануваме сите да бидете дел од овој благословен собир во духот на љубовта, заедништвото и Христовата радост!

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
ПРЕСПАНСКО-ПЕЛАГОНИСКА ЕПАРХИЈА
СОБОРЕН ХРАМ „СВЕТИ ВМЧ. ДИМИТРИЈ“ – БИТОЛА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.