Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) поради неколку инциденти на навивачите за време на утакмицата Хрватска и Аргентина.
“Не можеме да го коментираме овој лучај, но можиме да потврдиме дека стигна пријава”, изјави портпаролот на ХНС, Томислав Пачак.
ФИФА покрена постапка и против Аргентина поради однесувањето на навивачите. Отворена е истрага против швајцарските репрезентативци Џака и Шаќири поради прославата на погодокот во победата против Србија 2-1.