Околу 09.00 часот во Прилеп на улицата „Скопска“, во неговиот дом, 55-годишниот К.П. физички бил нападнат од страна на неговиот сосед, 57-годишниот И.Ј. при што му нанел тешки телесни повреди.
Имено, бесниот сосед со вила ја отворил отклучената влезна врата од куќата, удирал по вратата, упатувал пцовки и повеќепати го удрил К.П. во пределот на главата и телото. Тој без свест бил однесен во Општата болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.