На тромеѓето Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато: Досега најдени 19,3 тони

Канадската фирма „Медголд“ уште од порано наговестува дека во Јужна Србија има наоѓалишта на племенити метали.

Српски „Новости“ пишува дека на самата граница (тромеѓето) Србија-Бугарија-Македонија има големи количини на злато.

Фирмата информира дека на само една локација пронашле околу 7 милиони тони руда, со околу 680.000 унци, односно 19,3 тони злато вредно повеќе од милијарда долари. Испитувањата продолжуваат.

Извор: “Lider.com.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.