На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани.
Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Прилеп заради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казна затвор во траење од две години и три месеци – информираат од МВР.