“Претходниве денови имавме делување на различни центри на моќ во Србија. Можевме да видиме како криминалци од Белград со криминалци од Приштина подготвуваат нешто”, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Претседателот тврди дека во Србија е забележано силно делување на странски тајни служби, но и дека српските органи будно го следат целиот процес. Тој исто така тврди дека Приштина е активно вмешана во целата ситуација.