Балон салата во основното општинско училиште “Гоце Делчев” во Прилеп и официјално замина во историјата.
Откако со месеци беше оставена да гние и да скапува, денеска и целосно беше отстранета од училишниот двор.
Овој објект беше дел од спортскиот комплекс кој минатата локална самоуправа го изгради во ова училиште, а “Гоце Делчев” беше едно од ретките училишта со толку многу спортски игралишта.
Во дворот на училиштето покрај балон салата беше изградено и мултинаменско игралиште, тениско игралиште, а беше реновирана и постоечката спортска сала.
Актуелниот градоначалник Илија Јованоски во предизборната кампања ветуваше унапредување на спортот и нови спортски објекти во Прилеп.
Наместо тоа Прилеп започна да ги губи и постоечките објекти.