На Св. Петка Архиерејска богослужба и панихида за паднатите бранители на Карпалак во велелепниот храм во Прилеп

Покана до верниците од храмот Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп:

-Почитувани верници, браќа и сестри во Христа,

и ова 2024-то лето Господово на ден 08.08 (четврток) ќе ја празнуваме славата на нашиот храм па затоа, Ве покануваме заедно да го почувствуваме духот на вековното православно чествување и да го прославиме празникот посветен на нашата закрилничка и молитвена застапничка пред Христа, св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка, а во сеќавање на нејзиниот живот кој претставува поука и пример за исполнување на Евангелието.

Молитвеното чествување ќе започне со празнична вечерна богослужба во среда (07.08.2024) со почеток во 18:00 часот.
Чествувањето ќе продолжи во четврток (08.08 2024), со Архиерејска богослужба со која се очекува да чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

По завршувањето на Литургијата ќе се одржи панихида за молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.

Со почит,
в. д. старешина протоереј Љупче Петрески
со свештенството и настојателството
при храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.