Хеликоптерот со невестата која леташе на сопствената свадба се урна и се запали во сојузната бразилска држава Сао Паоло, објави во неделата телевизискиот канал Globo TV.
За голема среќа и чудо, невестата не настрадала, но истовремено три лица коишто ја придружувале биле сериозно повредени.
Сепак, и покрај инцидентот свадбата не била откажана.
Еден од очевидците изјавил дека хеликоптерот се затресол во воздухот и паднал на тлото непосредно пред слетувањето. Невестата и пилотот успеале да излезат и да избагаат од хеликоптерот.
Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата за многу кусо време, успеале да ги извлечат од леталото и преостанатите тројца патници. Потоа хеликоптерот за запалил, но исто така брзо пожарот бил изгаснат.