На само 9 години се здобила со страшни изгореници од врело масло, размислувала за самоубиство, а ова и го променило животот

Кога имала само 9 години Шалом доживеала голема несреќа кога лонец со врело масло и се истурил по лицето, па несреќната девојка го “изгубила” лицето.

Таа со помладата сестра спиела под масата во ресторанот на нејзината мајка во Нигерија, а мајката незнаејќи дека девојчињата лежат под масата ставила лонец со врело масло над нив.

Некој случајно го истурил лонецот и маслото паднало врз сестрите, пишува “Си-Ен-Ен”.

Се додека не отишле во Америка се бореле со последиците од страшната несреќа. Шалом денеска е “мејк-ап” ѕвезда која ја следат голем број обожаватели на нејзиниот “Јутјуб” канал.

“Се сеќавам дека вриштев, кожата буквално ми паѓаше на подот”, рекла Бек Шалом која се сеќава дека мајка и рекла дека се онесвестила во тој момент.

После несреќата животот на тогаш малата Шалом целосно бил влошен.

“Децата со кои порано си играв почнаа да се плашат од мене, ме нарекуваа чудовиште. Размислував да се самоубија”, вели таа.

Нејзиниот живот бил бесмислен и тежок, доста време поминувала по болници, постојано одела на операции.

Еден ден пронашла туторијали за шминкање и тоа и го променило животот.

“Се сеќавам на една девојка која имаше рак и немаше воопшто коса. Размислував за тоа колку е млада и храбра, поради тоа што се снимаше јавно, па одлучив да се предизвикам себе си и да го направам тоа од кое што најмногу се плашев. Започнав да се снимам, објавував и фотографии без перика, нешто што за мене беше голема работа. Бев толку многу уплашена, а кога видов дека луѓето велат дека моите фотографии ги инспирирале, и јас бев мотивирана”, рекла храбрата девојка.

Многу брзо нејзините снимки станале вирални, а нејзината самодоверба станала огромна. Половина милион следбеници секојдневно ги гледаат нејзините објави на Инстаграм, а во тоа Шалом гледа мотив да опстане.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.