Познато е дека Joсип Броз Тито бил љубител на автомобилите и во својот возен парк имал бројни луксузни примероци од различни брендови. Еден од нив е “Meрцедес-Бенц Пулман 600 лаунделет”, кој се продава преку аукциската куќа Том Хартли ЈНР.
Како што се наведува од 59 такви примероци два биле во сопственост на бившата СФРЈ. Овие Мерцедеси спаѓаат во навистина ретка група на автомобили. Мерцедесот од Тито има 6 врати и првично е продаден на аукција уште во 1989 година.
Произведен е 1971 годин, а во периодот после смртта на Тито до моментот на продажбата користен е на Бриони за потребите за превоз на некои важни гости од аеродромот до резиденцијата.
Почетната сума на овој автомобил изнесува 3 милиони евра, а истиот до сега има поминато 27.378 километри.
А.Г.