Плажата во излетничкото место Стење на Преспанското езеро беше наречена македонското Сен Тропе.
Оваа плажа беше изградена со средства во висина од 1,3 милиони евра од претходната влада, а изградбата заврши во 2016 година.
Плажата претставуваше едно комплетно место за одмор и релаксација, уредена со урбана опрема, зеленило и објекти за седење.
Кога се изгради плажата беше вистинска атракција, а посетители идеа од сите страни на Македонија.
За жал кратко траеше оваа убавина, па веќе минатата година плажата беше руинирана, тревниците се исушени, патеките затревени. Македонското “Сен Тропе” за само 3 години го изгуби целиот свој сјај.
Годинава пак Преспанското езеро се соочува со нов проблем, а тоа е големото повлекување на водата.
Од фотографиите кои се објавени на Фејсбук страната Prijateli na Prespa може да се забележи дека плажата во Стење е претворена во тиња, а водата е повлечена дваесетина метри.
Ако нешто итно не се преземе на Преспанското езеро му се заканува вистински егзодус.
За овој проблем се зборува со месеци, а властите досега не излегоа со конкретни решенија за проблемот, ниту пак утврдија која е причината за ваквото големо повлекување на водите од езерото.
Фото: Габи Стевананџија