Она што многумина не го знаат е дека лошиот, погрешен избор на појадок може да му наштети на телото. Еве кои се петте намирници кои треба да ги одбегнувате во склоп на првиот оброк
Домати
Инаку доматите се супер здрави и вкусни. Полни се со витамини и антиоксиданти. Меѓутоа, ако ги консумирате за појадок, тогаш во комбинација со желудочната киселина может да предизвикаат болки во желудникот.
Агруми
Лимоните, портокалите, мандарините и останатите агруми се богати со витамин Ц. Меѓутоа нивната киселина може да ја нападне слузницата и да резултира со ранички во устата кои можат да бидат мошне непријатни и болни.
Колачи со квасец
Квасецот особено ако го консумирате наутро може да го надразни желудникот и да предизвика надуеност и проблеми со варењето. Значи, наутро одбегнувајте колачи и лиснато тесто.
Краставици
Генерално би требало да се одбегнува свеж зеленчук како појадок. Краставиците, особено, предизвикуваат киселини и надуеност.
Јогурт
Јогуртот содржи бројни вредни млечни бактерии кои се одлични за цревната флора, но кога се консумира на празен желудник, желудочната киселина ги убива добрите бактерии.