На последниот ден од преодниот рок Победа ангажира 3 засилувања

14139076_10210420184324899_1344606278_o

На неколку часа пред завршувањето на преодниот рок екипата на Победа ангажира 3 засилувања. Попладневниот тренинг со екипата веќе го одработи екс играчот на Тетекс, Цементарница и Напредок-24 годишниот Филип Најдовски, кој настапува на позициите десен бек и заден везен.

Доцна попладне Победа плати обештетување и обезбедена е исписницата, по што нема пречки од утре со црвено – белиот табор повторно да биде доскорешниот играч на Пелистер Бурхан Мустафов. 21-годишниот играч за врска го носеше дресот на Победа во сезоната 2013/2014, а станува збор за еден од најталентираните млади македонски фудбалери за што зборува и податокот дека беше стандарден член на репрезентацијата до 21-година.

14218214_10210420184284898_2145830854_n

Последна аквизиција е прилепчанецот Бојан Спиркоски кој со Победа е од првиот ден на подготовките. Ги одработи во целост и веќе од утре ќе може да конкурира за место во тимот. 21-годишниот Спиркоски по настапите за 11 Октомври кариерата ја продолжи во Чешка, каде го носеше дресот на младиот тим на прволигашот Јихлава.

14182179_10210420184244897_1816442057_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.