На полноќ отворете прозорец и замислете желба: На Богојавление небото се отвара, а желбите стануваат реалност

Вечерва од полноќ до изгрејсонце, отворете прозорец и замислете желба. Нека биде јасна и гласна, недвосмислена, полна со искрени чувства и полна со верба. Се верува дека на Богојавление небото се отвара и желбите стануваат реалност.

Богојавление Водици е еден од 15-те најголеми христијански празници во годината.

Според христијанската традиција, Христос кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да го покрсти свети Јован.

Чувствувајќи дека пред него е месијата, свети Јован го дочека Исус со зборовите: „Ти мене треба да ме крстиш, а ти доаѓаш кај мене да те крстам“. Исус на тоа му одговори: „Остави го сега тоа, зошто треба да ја исполниме секоја правда“. По тие зборови синот Божји влезе во Јордан. Тогаш над него се отворило небото и светиот Дух слегол врз Исус во вид на гулаб. Истовремено се слушнал гласот Божји, кој рекол: Ова е синот мој љубен. Тој е според мојата волја“.

Така, пред крштавањето на Исус, Бог се јавил во три личности – Бог Татко кој говорел од небото, Бог Син кој се крстел во Јордан и Бог Светиот Дух кој се појавил во вид на гулаб, слегол од небото врз главата на Христа. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Исус во месијанска мисија. Настанот на објавувањето на Богочовекот, се наведува во светите книги и се нарекува Богојавление.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.