На повидок СДСМ- Македонска

Според добро информирани извори во СДСМ, група поранешни функционери во партијата, кои важат за блиски до Бранко Црвенковски изразуваат се погласно незадоволство со актуелните политики на двоецот Зоран Заев и Радмила Шекеринска, објави порталот Журнал.нет.

Zaev-svednata-glava-SDSM-640x341

Имено, овие долгогодишни функционери во СДСМ не може да се помират со фактот дека Зоран Заев и СДСМ прифатија да формираат влада врз база на Тиранската Платформа. Тие сметаат дека ова не само што ќе предизвика револт кај членовите на СДСМ, особено во истокот, туку на долг рок ќе значи уништување на угледот на оваа државотоворна партија. До централата на СДСМ доставено е и писмо од револтирани видни членови на неколку општински организации, но раководството на ова не одговорило соодветно, пишува порталот.

Во неколку поголеми општински организации на СДСМ веќе се разгледува можноста за отцепување од СДСМ и настап на следните локални избори со независни листи за советници, па дури и обединување во посебен политички субјект кој би го задржал името СДСМ.

-Со цел да се задуши револтот кај членовите на СДСМ формирано е посебно тело во СДСМ кое го координира генералниот секретар Оливер Спасовски, кое има задача да ги релативизира постапките на раководството во насока на формирање Влада врз темелите на тиранската Платформа. Работите се отидени до таму што се користат и закани до најгласните незадоволници дека можно е во тој еден милион телефонски разговори кои ги поседува Зоран Заев да се најдат материјали и за нив, што би можело да биде искористено во некој нов случај на СЈО или за лична дискредитација преку социјалните мрежи, пишува Журнал.

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.