На пат кон Европа се 30 до 35 милиони бегалци

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека 30-35 милиони бегалци се на пат кон Европа и дека поради тоа јакнењето на границите има клучено значење.

ssijartoo

Сијарто во интервју за весникот „Маџар идок“ нагласува дека ЕУ ја занемарила заштитата на своите граници и дека европските лидери се плашат работите да ги наречат со вистинско име, бидејќи им е полесно да ги критикуваат тие што работат.

Според унгарскиот министер европските лидери постапуваат врз основа на лажни информации на меѓународните медиуми, како и дека на Унгарија и е јасно дека Европа не може да прими стотина илјади или милиони економски мигранти.

– Можеме да ја контролираме кризата само ако го поддржиме и зајакнеме Шенгенскиот систем, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

Сијарто денеска ќе го посети Белград каде ќе разговара со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.