На пазарите се продава ракија „брзосмртка“

rakija

На дел од пазарите, а и во некои ресторани се продава смртоносна ракија што може да предизвика слепило, трајно оштетување на црниот дроб, па дури и смрт, предупредува Царинската управа. Ваквата ракија од страна на досетливите трговци често се пакува како да е ракија од некој реномиран производител.

Од Царината најавија дека ракијата со сомнително потекло и други нелегални алкохолни пијалоци чие консумирање може сериозно да го наруши здравјето ќе биде цел на заплена на цариниците во земјава.

Kонтролите што ги извршиле од Царинската управа откриле дека во некои од кафеаните и другите угостителски објекти во земјава често се продава сомнителна ракија што се преточува во шишиња на познати производители притоа загрозувајќи го здравјето на муштериите. Нелегални алкохолни пијалаци се откриени на зелените пазари, во ресторани и продавници.

Kонсумирањето нелегални алкохолни пијалаци може да предизвика гадење и повраќање, абдоминална болка, поспаност и вртоглавица, оштетување на бубрезите или црниот дроб, па дури и кома. Метанолот, супстанцијата која ја има во нелегалните алкохолни пијалаци, може да предизвика трајно слепило, па дури и смрт.

Царинската управа на Република Македонија вчера ги презентира резултатите од контролите на акцизни добра во малопродажба како дел од јавната кампања „Не за нелегални алкохолни пијалаци“. Kампањата е веќе почната со изработка и делење летоци во Македонија




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.