Патриотски здруженија од неколку градови ширум државата, како и група граѓани утрово се искачија на планинскиот врв Ножот, во близина на прилепските села Ракле и Никодин.
Целта беше одбележување на 112-годишницата од најепохалната битка после Илинденското востане која се одиграла на врвот Ножот.
Со развиорени знамиња и песна присутните им оддадоа почит на вкупно 67 загинати во битката, од кои 45 на самиот врв.
Групата потоа се собра на заеднички ручек во манастирот “Раѓање на Пресвета Богородица”, каде повторно запеаа:
ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИТЕ!