Врнежи од дожд со слаб интензитет утринава има во западните и јужните делови од државата. Дува и слаб до умерен југоисточен ветер во долниот тек на Повардарието. На планините има врнежи од снег.
За денеска синоптичарите најавуваат пообилни врнежи од дожд во западните и јужните делови кои во текот на денот ќе се преместуваат кон југосток. Попладне врнежите ќе прекинат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени.
Најмногу снег, според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, има на Попова Шапка – 20 сантиметри, а во Маврово висината на снежната покривка е шест сантиметри.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа има наврнато во Крушево, а најстудено утринава е во Маврово каде се измерени -1 степен. Во останатите градови минималните температури се над нулата.