Министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска вчера беа во посета на германската компанија ВИК, која е сместена во технолошко-индустриската зона Алинци кај Прилеп.
Министерката која јавноста најмногу ја запозна по нејзината изјава во август минатата година кога на прашање на “Алфа ТВ” колку инвестиции донеле како Влада збунето рече дека тоа е широко прашање.
Вчера Апостолска доби исто такво прашање, односно кои странски инвестиции ги привлекла Владата да инвестираат во овој крај.
На ова Апостолска се оправда дека тоа е деловна тајна, но дека континуирано се работело на тоа.
Целиот одговор на министерката Зорица Апостолска можете да го погледнете во последните 2 минути од вестите на “Алфа” во продолжение: