Новогодишните и Божикни празници се моменти на среќа и радост во семејството, а обврска на секој од нас е таа радост да ја донесеме и во животите на нашите роднини, пријатели и оние на кои им е потребна.
За жал, за СДСМ нема ништо свето и возвишено, па тие секоја прилика ја користат за ширење на нивната пропаганда, дури и во моменти кога треба да надвладее човечкото, моралното.
Томислав Тунтев, пратеник на СДСМ кој е на чело на Охридскиот огранок на СДСМ на ФБ се пофали дека ќе делел чоколади на дечињата со ретки болести, и ни помалку ни повеќе брендирани со партиските обележја на партијата.
На чоколадите пишува „За живот“, слоган кој СДСМ го користеше во предизборната кампања. Мизерно.
Извор: Инфомакс