“На кој Г(к)радоначалник од Полошкиот (Пелагонискиот) регион мисли Христијан Мицкоски?”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во колумната која пред неколку дена ја напиша за порталот “MКД.МК”, во еден дел вели:

“Имено, доколку е автентичен записникот од сведочењето, а Русковска потврди дека е точен, зошто овие политички моќници од СДСМ не беа повикани да дадат исказ? Зошто Јовевски на прес конференција кажа дека нема политичари кои се споменуваат во овој случај? Како и на кој начин се финансирани правните лица сопственост на обвинетите и доколку се констатира дека биле финансирани со средства обезбедени на криминален начин ќе се констатира ли нематеријална добивка на водството на СДСМ кое деноноќно беседеше во едно од правните лица, убедувајќи нѐ дека блескаме? Дали од сето наведено во записниците од сведочењата, единствен криминал е троседот или софата? Одговор на овие прашања нема да добие јавноста, но затоа помалку мистично ќе почне да се шири една приказна за еден г(к)радоначалник од Полошкиот упс пардон, Пелагонискиот регион, од редовите на СДСМ. Тој бил мераклија од сопартијците да побара паричка за вработување, потоа приказната оди за состанокот што го имал со еден сопартиец кој одлучил да плати за работно место, па како пликото полно со пари било потпишано од Заев и конечно како Заев му се јавил на тој г(к)радоначалник и онака помалку шеретски го поздравил градоначалникот, демек знаел што прави. На прашањето, и што понатаму? Одговорот е само што не го уапсиле, ама не е само тој. Ги има неколку такви. Јасно ми е кој ја води државата и како, но и да е точна оваа мистична приказна за тој или тие г(к)радоначалници, уште колку дена граѓаните на тие општини ќе бидат жртви на мистиката, наместо закон и правдина веднаш.

Се поставува прашањето на кој г(к)радоначалник мисли Мицкоски во неговата колумна?

Целата колумна прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.