На Косово се е можно: Гласачки ливчиња од Србија се броеа со заштитни облеки и маски (Видео)

По прекинот на броењето на гласовите од Србија на 13 октомври, поради наводно труење, службениците на Централната изборна комисија на Косово, започна процесот на верификација на пликоата со гласачките ливчиња кои пристигнале во Косово од Србија.

Овој прцес од страна на Косовците се изврши под детални заштитни мерки. Со маски, посебна облека, капи и ракавици, јавува Експрес.

Пред десетина дена при броењето на гласовите од Србија, процесот беше прекинат откако неколку службеници на ЦИК се жалеа дека имале алергиски реакции откако ги отвориле пликоата.. Во Инфективна болница во Приштина беа хоспиталзирани 12 претсавници од ЦИК кои се жалеле на алергиски реакции, но откако анализите покажаа дека не станува збор за заразна инфекција тие беа пуштени дома.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.