Поранешниот репрезентативец на Гана, Кевин Принц Боатенг ќе се пресели во Барселона, објави “Скај Спорт” во текот на вчерашниот ден.
Боатенг во Барса пристигнува на позајмица, а клубот ќе има можност да го откупи неговиот договор за 8 милиони евра на крајот од сезоната.
Познатиот новинар Фабрицио Романо на Твитер ја објави првата изјава на Боатенг, кој пред доаѓањето на Камп Ноу изјавил:
“Барса доаѓам! Тажен сум што го напуштам Сасуоло, но ова е одлична шанса. Не ме прашувајте за Реал Мадид…тоа е минато! Сакам само да се фокусирам на Барселона и се надевам дека ќе постигнам погодок на следното Ел Класико”.
Боатенг во својата кариера настапуваше за Херта, Тотенхем, Дортмунд, Портсмут, Милан, Шалке, Лас Палмас, Франкфурт и Сасуоло.
Тој во март ќе наполни 32 години, а најдобрите денови од кариерата ги имаше во АЦ Милан.
Kevin Prince Boateng exclusive with @SkySport: “Barça, I’m coming! I’m sad to leave Sassuolo but is a great chance. Don’t ask me about Real Madrid… is just the past! I only want to focus on Barcelona and I hope to score at Bernabéu for the next Clásico” ? #Boateng #Barça #FCB pic.twitter.com/08nw1EFQo1
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 21, 2019