2.500 евра на сметките на поранешните функционери Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски ќе легнува во следните 12 месеци.
На поранешните владини функционери од редовите на СДСМ, поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски веројатно јасно им е дека никогаш повторно нема да бидат на истите функции – пишува “ЛИДЕР”.
Откако не останаа на истите позиции како и досега во техничката влада Ковачевски и Спасовски аплицирале и добиле апанажа, односно на нивното конто да „легнуваат“ по 2.500 евра следните 12 месеци.
Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на Ковачевски и на Спасовски.
Ни помалку, ни повеќе покачената плата ќе биде за 78 отсто. Со контроверзната одлука одлука на Уставниот суд кој одлучуваше по платите на фукционерите со кои им се зголемија за вртоглави 78%, овие поранешни двајца носители на функции ќе земаат 156.482 денари – Ковачевски, додека Оливер Спасовски ќе зема 153.037 денари, односно плати кои ги земале додека ја извршувале функцијата.
И тоа не е сѐ. Веројатно овој слоган звучи како маркетинг реклама, но на барањата на Коавчевски нема крај. Освен правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило. Ова на поранешниот премиер му следува во согласност со Законот за возила.
Извор: “ЛИДЕР”