На доделувањето на Златната топка на ФИФА се јави и Колинда: Модриќ се запрепасти (ФОТО)

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ ја доби Златната топка, а потоа “France Football” му приреди големо изненадување.

Освен тоа што му пуштија пораки од неговите родители, од видео ѕидот му се јави и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.

“Ти се заблагодарувам тебе Лука и на целиот тим за вашиот историски успех. Ни го вративте оптимизмот, вербата и надежта, а со своето однесување ти стана пример и инспирација за многу млади луѓе, но и на сите нас. Бевме со вас во секој момент, нашата надеж, чувства, емоции со кои ве прозивавме при секој постигнат погодок, при секоја победа, ве следеа се додека не се најдовте на местото на кое припаѓате – помеѓу најдобрите. Ги освоивте срцата на целиот свет”, рекла Колинда во нејзината порака кон најдобриот играч на светот.

На крајот од својата порака нагласила:

“Вашето постигнување и успеси се резултати на тешка работа, верба и поддршка од вашите семејства. Верувам дека ќе продолжите со успесите и дека и понатаму гордо ќе ја носите нашата црвено-бела шаховна табла и ќе продолжите да ги исполнувате вашите соништа и соништата на навивачите, за својата сакана Хрватска која толку многу се гордее со вас”, рекла хрватската претседателка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.