На градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му се слоши и падна за време на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, попладнево пред партиската палата во центарот на Скопје. Додека Мицкоски одговараше на новинарски прашања, Папазов во еден момент почна да паѓа при што му притрчаа на помош колегите околу него.
Мицкоски ја прекина прес-конференцијата, на која беа присутни сите нови градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, и по неколку минути кажа дека Папазов е добро.
Кусо после прес-конференцијата, Мицкоски на својата фејсбук страна објави фотографија со Папазов и потврди дека му е добро и оти „мора да вети дека нема го прескокнува појадокот“.