На Гумење пречекани од едно чудо народ, пред општината едвај десетина души: Илинденската коњаница пристигна во Крушево (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Илинденските коњаници кои од неколку места низ државата се упатија кон славното Крушево, денеска почнаа да пристигнуваат во градот каде на 2-ри Август ќе се одбележат 115 години од почетокот на Илинденското востание.

Униите на жени при ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и Крушево, како и голем број добронамерници ги пречекаа коњаниците на Гумење, додека градоначалникот и десетина луѓе во центарот на Крушево.

Крушевчани велат дека ако не беа жените од УЖ ќе беше срамота кон напорот и храброста на овие луѓе кои изминатите денови ја крстосуваат Македонија со развиорени бајраци, врајќајќи го духот на херојските времиња од славниот Илинден 1903 година.

“За разлика од некои, ние и кога сме власт и кога сме опозиција остануваме верни на традицијата, обичаите, историјата и хероите”, велат од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве дел од атмосферата на Гумење каде коњаницата беше пречекана со патриотски песни, ора и овации:

А еве каков дочек приредија од општината:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.