На време, точно во 7 часот почна гласањето во Прилеп на сите 142 избирачки места, информираат од Општинската изборна комисија во Прилеп.
Според Каролина Шукуроска, претседател на Комисијата гласањето се одвива непречено.
Според Избирачкиот список во Прилеп се запишани 64.472 граѓани со право на глас. Се гласа во четвртата изборна единица и граѓаните се определуваат за една од седумте кандидатски листи.
Според општинските комиси во Кривогаштани, Долнени и Крушево и таму гласањето почна на време и се одвива без проблеми.
Во Кривогаштани вкупно се запишани 4.846 избирачи и се гласа на 13 избирачки места, од кои на 12 се гласа во изброната единица 4, а на едно гласачко место во петтата изборна единица.
Во општина Долнени на 39 избирачки места своето право на глас денеска го остваруваат вкупно 11.274 гласачи, а во Крушево на 23 избирачки места може да гласаат 7.851 избирач. Во Долнени и Крушево се гласа во петтата изборна единица и граѓаните може да се определат за една од 10-те кандидатски листи.