На Велики петок избегнувајте лук и оцет – народни верувања во исчекување на Велигден

Според некои верувања за Велики петок постојат многу обичаи кои се типични за овој голем христијански празник, кој обично верницте го поминуваат во пост и тишина во исчекување на Велигден.

На Велики петок Исун Хрисотос е распнат и подложен на големи маки, а своето тело го даде како жртва за искупување од грвот на човечкиот род.

Постојат верувања дека на овој ден не се јаде лук.

Имено оваа намирница се верува дека се користи за чистење на нечисти сили, па бидејќи ова е голем и свет ден се верува дека треба да се избегнува, зашто лошите и нечисти сили во ваков ден не можат да направат ништо.

Според други верувања пак не треба да се користи бибер и оцет, бидејќи раните на Исус биле премачкувани со оцет за да му нанесат повеќе болка.

Сепак мора да се знае дека ова се само народни верувања и никаде во библијата не е наведено ниту едно од нив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.