“Нема да има промена на државните симболи, уставниот и унитарниот карактер на Македонија, нема двојазичност рече Петре Шилегов од СДСМ на 31.03.2017”, тогашен пратеник во Собранието.
Петре Шилегов, сегашен градоначалник на Скопје, пред да стане тоа, во својство на пратеник на Социјалдемократски сојуз на Македонија, од говорницата во Собрание негираше дека ќе има двојазичност на целата територија на државата.
„Промена на државните симболи – нема. Промена на уставниот карактер на Република Македонија како парламентарна демократија и унитарна држава – нема. ПРИМЕНА НА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ЦЕЛОКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – НЕМА“, рече тогаш Шилегов од собраниската говорница во видеото кое деновиве одново е актуелно по социјалните мрежи.
Демантот за тоа стигна неодамна, откако собранискиот спикер Џафери го потпиша указот за примена на Законот за примена на јазиците, кога и официјално се воведе двојазичност на територијата на цела држава.
За другите „гаранции“ на Шилегов околу државните симболи, парламентаризмот и унитарноста – времето ќе покаже.