Довчерашните ,,шарени соборци’’, Мирјана Најчевска и Петрит Сарачини жестоко дебатираа во Отвореното студио поради прекршочната пријава која ја доби Најчевска поради фарбањето на државните институции за време на ,,шарената револуција’’. Сарачини како човек со државна функција се обидуваше да ја одбрани власта, а Најчевска забележa дека добила прекршочна пријава сега од оваа власт, а од претходната против која се борела никогаш не добила ваква пријава.
-Ама јас не сум добила прекршочна казна од минатата власт. Не сум добила. Значи јас не сум добила прекршочна, не сум платила до сега казна. Сум дебатирала и кога била минатата власт. Значи факт е дека не сум добила прекршочна казна од минатата власт, а добив прекршочна казна од оваа власт, вели Најчевска.
“Една Ванковска, една Силјновска, еден Миленко, еден јади бурек сега уживаат сега се смеат и викаат:
„Види ја онаа глупачана Најческа, акаше по улиците и сега нејзините, кој што ги донесе на власт и дојода до акал-ние не ја казнвме, ама тие ја казнија“ – додаде Најчевска.