Досегашниот советник во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, докторот специјалист по ортопедија Кире Јоноски, е именуван за директор на прилепската болница “Борка Талески”.
Д-р Јоноски на оваа позиција доаѓа на местото на досегашната директорка и поранешната пратеничка во Собранието од СДСМ, Кети Смилеска.
Јоноски важи за еден од омилените доктори кај прилепчани, голем хуманист и човек со огромен интегритет и знаење.
Додека беше советник во Советот на општина Прилеп, хонорарите од советничкиот паушал секој месец ги донираше во хуманитарни цели, нешто за што Јоноски скромно молчеше, но медиумите го забележаа тоа и ја проширија информацијата до јавноста.
Да му честитаме за изборот и да му посакаме успешна работа!