Баба Перса конечно доби канализација, и си го гушна градоначалникот
Баба Перса од Горно Маало во Волково стана позната по тоа што пред пет години упадна на прес конференцијата на Зоран Заев и тогашниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски и ги разобличи нивните лаги пред новинарите за „наводно“ поставената канилизацијата во Волково.
Тогаш Заев и Наумовски без тронка срам, пред камерите, новинарите и присутните објаснуваа дека пола била завршена, малку бил згрешен проектот и дека за брзо време поставувањето на канализација ќе продолжи и ќе биде поставена.
После цели пет години од лагите на Заев и Наумовски, улицата „35“ на баба Перса во Горно Маало во населбата Волково конечно доби канализација, а нејзината радост и задоволство ги сподели со актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.