Најуспешни песни во 2016 година – од Тимберлејк до Сиа

Годината што изминува беше полна со музички проекти, а кога станува збор за заработувачката, на тој список на врвот е Џастин Тимберлејк со песната „Cant’ Stop the Feeling!“. Најпродаваниот дигитален хит е објавен во мај, продаден во 2.438.000 примероци, а снимен за потребите на анимираниот филм “Тролови“.

 

justin

На второ место на списокот според податоците на агенцијата Нилсен, се најде познатиот американски рапер Флорајда со песната My House и 2.217.000 продадени копии. Потоа дуото „The Chainsmokers“ и нивниот голем хит Closer.

Четврти по бројот продадени копии во 2016 година е данскиот поп и соул бенд „Lukas Graham“ cо „7 Years“. Ова е најдобро рангирана песна од континентална Европа уште од 2012 година и Белгијанецот Готје, кој тогаш се појави со песната Somebody That I Used to Know.

На списокот петопласиран е Дрејк со One Dance и 1.982.000 продадени копии од април. Потоа следат „Twenty One Pilots“ со Stressed Out, номинирани за наградата Греми во категоријата Видео-снимка на годината.

Џастин Бибер со песната Love Yourself е седми,  ова му е првпат да се најде меѓу десет музичари со најпродавани синглови во текот на годината. Порано најголем успех на тој список постигна песната Boyfriend во 2012 година.

„The Chainsmokers“ оваа година имаат уште една песна меѓу десетте најпродавани – Don’t Let Me Down  е продадена во 1.763.000 примероци. На списокот се и Ријана и Дрејк со песната Work, феноменалната Сиа и Шон Пол со Cheap Thrills, потоа „Twenty One Pilots“ и Heathens и потоа Мајк Познер и неговиот хит I Took a Pill in Ibiza.

Во првите десет се најде музичарот Desiigner со песната Панда, објавена во февруари, членките на составот „Fifth Harmony“ со песната Work From Home и разиграната песна на бендот DNCE Cake by the Ocean, која е продадена во 1.398.000 копии.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.