Најуспешната прилепска фирма има нов сопственик

Фирма што управува со инвестициски фондови или во име и за сметка на свои инвеститори купува компании во Југоисточна Европа ќе биде нов газда на прилепскиот Мермерен комбинат. Тоа е друштвото ЕЦМ Партнерс кое договорило превземање на грчката компанија Pavlidis S.A Marble – Granite која досега беше сопственик на прилепскиот Мермерен комбинат – објави “ФАКТОР.МК”

Информацијата е официјална и е објавена на веб страната на Македонската берза, а станува збор за Мермерниот комбинат од Прилеп.

Прилепски Мермерен комбинат е одлична инвестиција затоа што е убедливо најпрофитабилна од рударските компании во земјава. Од приходите лани речиси половина останале како добивка. Во апсолутен износ 14,8 милиони евра.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.