На социјалните мрежи се шири фотографија од светлечка реклама на маркет во село Волино во општина Дебрца.
“Мојата мајка мојата земја златна Македонија”, пишува на рекламата, а покрај натписот има и јака декорација.
Инаку селото Волино е токму познато по ваквите натписи и по бројните знамиња со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.