Малата Еуфорија ќе ве освои на прв поглед со долгите трепки, слатката насмевка и кадравата коса. 2-годишното девојче од Англија постојано привлекува нови и нови обожаватели на Instagram, каде ја следат речиси 150 илјади лица.
2-годишната Еуфорија Лотус е најубавото нешто што ќе го видите денеска. Малата Лотус е од Англија и освојува со преслатката насмевка и кадравата коса.
Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 150 илјади луѓе, а за прекрасните фотографии е задолжена нејзината мајка Шерил-Ен Стамп.
„Како родител, сакаш твоето дете да ги има сите можности. Јас не сум богата, не можам да ја испратам на Харвард, но можеби таа самата ќе стигне таму. Не можам да и’ го пружам она што можат другите родители, па правам сe’ што можам за да и’ создадам можности“ – вели таа за своето најмило.
Повеќе фотографии од оваа малечка убавица можете да погледнете ТУКА