Најубавиот подарок за празниците: Во оваа европска држава 70 проценти од граѓаните добија повисоки плати

Премиерката на Финска, Сана Марин, моментално една од најмладите шефови на влади во светот, во новогодишната порака порача дека силата на Финска лежи во “нејзините граѓани и нивното знаење”, напоменувајќи дека образованието игра клучна улога во успехот на оваа скандинавска држава.

Таа потсети дека со одлуките на Владата кои стапија на сила од први јануари се зголемени платите на речиси 70 проценти од Финците.

“Силата на општеството и државата не се мери со богатството на нејзините најбогати членови, туку колку најзагрозените граѓани се во состојба да се носат со предизвиците и проблемите”, вели Марин.

“Затоа секогаш треба да си го поставуваме прашањето дали секој во општеството има можност да води достоинствен живот”, додаде 34-годишната финска премиерка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.